fbpx

Петровска за „24 Анализа“: На државата и е потребно политичко и економско стабилизирање, нема потреба од предвремени избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ по втор пат докажува дека внатрепартиските избори се највисок облик на демократија во кој сите членови непосредно одлучуваат за изборот на претседател на партијата. Тоа е сериозен исчекор во партиското менаџирање во нашата држава, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Таа истакна дека сите тројца кандидати за претседател на СДСМ чии кандидатури беа прифатени имаат еднакви шанси да победат во недела, сите имаат подеднаков простор да се претстават со своите програми, платформи идеи и начин за дејствување на партијата во периодот што претстои.

Основното мото е да избереме лидер кој ќе обедини, на СДСМ му се потребни сите, секој член , кои имаат прогресивни мисли, кои сакаат реформи во СДСМ и СДСМ е отворен и расположен за нови членови и за луѓе кои можат да ги исполнат програмските определби на партијата и кои во себе ги имаат социјалдемократските вредности, нагласи Петровска.

Во врска со барањето на опозицијата за предвремени избори Петровка истакна дека таков луксуз во овој момент, на здравствена, економска, енергетска криза, не и е потребен на државата.

Треба да настане политичко и економско стабилизирање на државата. Без оглед колку му се брза на ВМРО-ДПНЕ да дојде на власт, а тоа нема да се случи скоро, на граѓаните им се неопходни, други работи, нагласи Петровска.

Во врска со евроинтеграциите на државата Петровска оцени дека одолговлекувањето на почетокот на преговорите со ЕУ создава поприлично напната атмосфера во нашето општество и делува сериозно на отворање на широка врата на евроскептицизмот и негов развој во државата.

Секое натамошно одложување на почетокот на преговорите сериозно ќе наштети на демократските процеси и во нашата земја но и во земјите во регионот, истакна Петровска, додавајќи дека, жално е што Република Бугарија ја злоупотребува својата позиција ЕУ, го прекршува договорот за пријателство и ја блокира Република Северна Македонија.

Европската интеграција не е процес на една партија и на една влада, тоа е сеопфатен инклузивен процес во кој учествуваат сите и тоа не е разочарување само на една влада и нејзините поддржувачи, туку разочарувањето е кај сите граѓани, нагласи пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Последни вести