fbpx

Заев на Канал 5: Факторот за ширење на зараза од коронавирусот се уште е мал, досега успешно се справуваме со кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

За справување со кризата има еда глобална анализа, по која се води и нашата држава. Светот со оваа криза се справува на два начина, едниот го нарекуваат чекан, а другиот танц, истакна претседателот Зоран Заев во емисијата Само интервју на Канал 5

„Чеканот значи комплетно затворање, целосен полициски час, комплетно затворање дома и тоа го имаат применето многу малку земји, а над 90 отстого имаат одбрано танцот, се договараат владите со стопанството, со работниците, со народните банки, се додека не заврши  на здравствената криза. Тука им  Р фактор односно ширење на заразата. Ако тој Р фактор е поголем тогаш треба да се прибегне кон чеканот. Ние засега, споредено со други земји успешно „танцуваме“ затоа што кај нас Р факторот е се уште низок, ако се зголеми нагло ќе мора да ги стегнеме мерките. Верувам дека благодарени на стручните луѓе на институциите успешно се справуваме со кризата. Драго ми е што луѓето им веруваат на инстутциите и така треба да продолжиме, заклучи Заев.

Последни вести