fbpx

Историски момент за нашите граѓани, македонското знаме се вее пред седиштето на НАТО, успешните политики на СДСМ добија светско признание

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонското знаме, од денеска, заедно со знамињата на останатите 29 членки на Алијансата, се вее пред седиштето на НАТО во Брисел. Ова е историски момент за сите наши граѓани.

Во овие тешки моменти, кога се соочуваме со пандемија од коронавирусот, како држава, како граѓани имаме причина да бидеме горди.

Ја исполнивме нашата стратешка цел, поставена уште во далечната 1991 година. Станавме дел од најмоќниот безбедносен сојуз во светот.

Како држава поминавме тежок и трнлив пат, се соочивме со низа препреки и предизвици.

Но, со одговорните и успешни политики што ги спроведе СДСМ и претседателот Зоран Заев, успеавме.

Обезбедена е нашата иднина, загарантиран е територијалниот интегритет и суверенитет на Северна Македонија, а тоа значи сигурни и безбедни граници и мир во државата.

Пред нас е да се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда.

Последни вести