Соопштение за јавност
Успешните политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев за само 2,5 години добија конкретна потврда, Република Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО, Република Северна Македонија започнува преговори за членство во ЕУ.
И во овие тешки времиња, кога светот се соочува со пандемија од невидени размери, успеавме да ги оствариме децениските стратешки цели на државата, станавме членка на НАТО сојузот , добивме позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ, добивме признание за истрајноста, спроведените реформи, капацитетите и политичката волја на нашите институции.
Политиките на СДСМ ја обезбедија иднината на нашата држава. Гарантирана е нашата стабилност, безбедност, отворени се можностите за демократски развој, напредок, економски просперитет, нови работни места, инвестиции.
Државата, граѓаните, добија признание за храбрите и тешки политички одлуки кои ги донесе Владата и владејачкото мнозинство во Собранието предводени од СДСМ за решавање на долгогодишните спорови со нашите соседи Грција и Бугарија.
Ова е уште една потврда дека само заедно, сплотени, солидарни и поврзани можеме да дојдеме до заедничката цел.
Сега солидарни и сплотени ќе се избориме со здравствените и економски предизвици од коронавирусот, а потоа продолжуваме уште позасилено со европската агенда.