Соопштение за јавност
Ништо ново во Белата Палата, ВМРО-ДПМНЕ е партија во која нема никаква промена. На конгрес на кој се беше познато, опозициската партија одново го избра Христијан Мицкоски.
Мицкоски, политичар без став, кој знае само да блокира и кочи се што е во интерес на граѓаните, да се противи на сите успесите на државата не може да понуди ништо ново, нема капацитет да понуди никаква „нова епоха“.
ВМРО-ДПМНЕ останува во минатото, со враќање на истрошени и стари режимски кадри како кумот на Груевски, поранешниот вицепремиер Зоран Ставрески на партиски позиции.
Јавноста памети дека тој е истиот кој ја презадолжи државата за финансирање на Скопје 2014, кој трошеше за чоколадо кога немаше ни за леб, а сега ќе ја надгледува работата на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ заглавено во минатото, СДСМ поставува највисоки демократски и организациски стандарди на македонската политичка сцена.
Додека СДСМ се менува и трансформира, ВМРО-ДПМНЕ останува деструктивна и нереформирана партија.