fbpx

Претседателот Заев на ТВ Алсат: Помошта доаѓа во плати за работниците, секој да има месечен приход додека трае кризата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Целиот пакет мерки кои ги предложи СДСМ се однесува на работниците, стопанството, вреден 200 милиони евра и е редок како таков во регионот, а најголем по глава на жител, посочи претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата 360 степени на ТВ Алсат.
 
Тој истакна дека пред само 2.5 години економијата беше со минус 1.8 % , за потоа да забележи раст на 3.6% што е вкупен раст за 5.4% , а истовремено имаме зголемен кредитен рејтинг. Сето тоа ни дава можност да излеземе со пакет од 200 милиони евра со цел да го помогнеме стопанството.
 
Владата која денес е и техничка, што значи присутност и на опозицијата, е комплетно транспарентна, отворена со капацитет за донесување одлуки и така треба,таа да ја донесе конечната одлука по однос на кои мерки ќе ги усвои, посочи Заев.
 
На прашањето дали доцни вториот пакет мерки, претседателот Заев истакна дека не е задоцнето со оглед на тоа дека импактот од кризата се очекува во април, а мерките се однесуваат на помош во плати, работници, ликвидност на стопанството за месеците април и мај.
 
Најлошото сценарио е да имаме 30-40% наплата за приходи во буџетот, односно ќе недостигаат 60% кои нема да можат да се реализираат. Оттука и одлуката за кратење по  принципот на солидарност односно сведување на платите во администрацијата на минимална плата од 14.500 денари. Ако недостатокот е околу 2 милијарди и 200 милиони евра, тоа се некои 60% , добивме усна потврда за 600 милиони од ЕУ , што значи недостигаат уште 1 милијарда и 600 милиони, заклучи Заев.
Последни вести