Соопштение за јавност
Огромен е стравот во опозициската ВМРО-ДПМНЕ од претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Затоа, од белиот дворец секојдневно конструираат измислици и шират лажни вести за неосновано да го напаѓаат претседателот Ковачевски.
На сите објавени биографии и резимеа на претседателот Ковачевски, достапни за целата јавност на интернет, јасно пишува каде студирал, магистрирал и докторирал.
Но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ секојдневно да шират лажни вести во обид за дискредитација на Ковачевски, до што на виделина го покажуваат стравот кој владее во нивните редови.