Соопштение за јавност
Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, несериозно и неодговорно сакаат да ја злоупотребуваат заканата врз јавното здравје, предизвикана од коронавирусот и се обидуваат да создадат атмосфера на паника кај граѓаните, СДСМ презема одговорност за справување со економските последици од оваа криза.
Дури и во вакви тешки времиња, кога целата држава, институциите, медицинските лица, полицајците, граѓаните, се посветени на борба со коронавирусот и заштита на здравјето Христијан Мицкоски, послушникот на Никола Груевски, од белиот дворец шири невистини, а нема ниту став, ниту предлог за доброто на граѓаните.
Од човек кој за 100 отсто ја зголеми цената на електричната енергија и кој во време на сиромаштија тераше бизнис со хидроцентрали на грбот на граѓаните, друго и не може да се очекува.
Нема простор за паника, СДСМ презема одговорност да се справиме со економските последици од оваа криза.
Тоа остава можност за издржани мерки и решенија кои ќе ги намалат негативните последици врз економијата и ќе помогнат на работниците, на фирмите, на стопанството, на сите граѓани.
Јасно е дека Мицкоски е против овие мерки, затоа што тој е научен само да зема од државата а не и да помогне, затоа тој не сака од ништо да се откаже.