Соопштение за јавност
Кога цел свет презема остри мерки против ширењето на вирусот и прогласува вонредна состојба за да се спречи пандемијата, тој без никаков аргумент е против прогласувањето на вонредната состојба во Северна Македонија.
Вонредната состојба е потребна заради засилување на механизмите за заштита, но и инструменти за навремена, конкретна и ефикасна помош кон стопанството и стопанските гранки кои се најпогодени.
Граѓаните бараат посилни мерки за поефикасно спречување на корона вирусот, а тој опструира и сака да блокира.
Тоа е Мицкоски. Само за да биде контра конструктивните предлози на СДСМ, на експертите, на стручната јавност, тој е подготвен и да си игра со здравјето на граѓаните.
Мицкоски треба да се реши што сака и тоа јавно да го каже. Или е против здравјето на граѓаните или смета дека сегашните мерки се доволни, па нема потреба од вонредна ситуација.
Време е Мицкоски да се престрои на страната на здравјето на граѓаните и да заборави на теснопартиските интереси.
Ситуацијата е сериозна и нема место за аматерските политички манипулации на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните знаат кој има искрен пристап во решавањето на ситуацијата, а кој манипулира и политички калкулира.