fbpx

Ковачевски за новата владина програма: Силна посветеност на економијата и зајакнување на животниот стандард на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада Димитар Ковачевски, во интервју за Канал 5 најави дека Програмата за работа на Владата ќе ја одликува силна посветеност на економијата и зајакнување на животниот стандард на граѓаните.
„Новата влада повеќе ќе биде посветена на економските прашања, на внатрешно политичките прашања, се со цел да можеме да ги адресираме најгорливите проблеми и предизвици што ги имаме во моментов, како пандемијата, глобалната енергетската криза, зајакнување на животниот стандард и повисока реализација на капиталните инвестиции, согласно планот за забрзан економски раст. “ порача Ковачевски.
Финансиската поддршка за сите граѓани и за компаниите ќе продолжи и ќе се зголемува, а платите ќе продолжат да растат. Особено ќе се посветиме на реалзација на капитални инцестиции. Тие се секогаш главниот дивгател на економскиот раст и затоа тука ќе има посебен акцент, додаде претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести