fbpx

Ковачевски: Решението со Бугарија треба да биде во духот на европските вредности и врз база на утврдените позиции во Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во однос на евроинтегративниот процес и прашањето со Бугарија, во интервју за Канал 5 телевизија претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски истакна дека нашата држава ги има исполнето сите критериуми за почеток на преговорите и дека после четири позитивни извештаи ЕУ има обврска да започне преговори со ЕУ, а решението за прашањето со Бугарија треба да биде во духот на европските вредности.

„Факт е дека имаме отворено прашање со Бугарија, и тоа треба да се решава во духот на Европските вредности. Низ директни дијалози со бугарските партнери, односно владата на Бугарија. Добро е што од Република Бугарија доаѓаат позитивни сигнали за соработка на полиња што водат кон иднината. Јас сметам дека не треба да разговараме само за историјата, туку да разговараме и за економска и инфраструктурна соработка, односно за она што ќе го унапреди животот на граѓаните во двете држави. Решението што треба да го постигнеме треба да е во духот на европските вредности и да се зачува достоинството на двете страни во преговорите и тоа во рамките на ставовите што ние ги имаме зацртано во нашиот Парламент“ истакна Ковачевски.

Последни вести