fbpx

Арсовска не може да се бори против загадувањето со укинување мерки и намалување средства за животна средина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалничката Данела Арсовска смета дека со мерка која траеше само еден ден како што беше бесплатниот автобуски превоз го решила аерозагадувањето во главниот град.

Не постои друго логично објаснување зошто Арсовска ги укинува мерките за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје, а нема ниту дополнителни мерки.

Арсовска дури за три пати ги намали парите за Секторот за животна средина, ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори.

Таа истовремено ги укинува и девалвира добрите еколошки проекти воведени од градоначачлникот на СДСМ Петре Шилегов.

Со ваков пристап, Арсовска не може да го реши проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје.

Таа нема ниту знаење ниту способност и покажува крајна неспособност и аматеризам

Последни вести