fbpx

Ковачевски на средба со Јан Коп: Важна ни е поддршката на Холандија во реформите и евроинтегративниот процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски заедно со секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ денеска се сретна со амбасадорот на Кралство Холандија, Дирк Јан Коп.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми, при што фокус беше ставен на реформите и евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија.

Претседателот Ковачевски се заблагодари за поддршката што Холандија ја дава во важните реформски процеси и за нејзините напори за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

„Од Холандија како и од останатите членки на ЕУ и наши партнери очекуваме силна и видлива поддршка за реформите во нашата држава. Во таа насока очекувам отворен пристап и постојан дијалог, што значи укажување од ваша страна во процесот на спроведување на реформите и ваши препораки.

Важна ни е вашата поддршка околу процесот за почеток на преговори со ЕУ и одржување на првата меѓувладина конференција што е можно поскоро, само на тој начин во државата ќе се врати довербата во ЕУ која во овој период е разнишана. Нашата стратешка цел е членство во ЕУ и за тоа нема алтернатива“ порача претседателот Ковачевски.

Во однос на актуелните политички случувања, претседателот и мандатар за состав на новата Влада, Ковачевски, посочи дека новата Влада предводена од СДСМ ќе се посвети економските политики, на справување со корупцијата, дигитализација и ефикасност на институциите.

Амбасадорот Јан Коп посочи дека Холандија и во иднина ќе продолжи да биде силен поддржувач на Република Северна Македонија, ќе продолжи да биде вклучена во процесот на реформи и евроинтегративниот процес, со цел државата што поскоро започне преговори со ЕУ.

Последни вести