Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата 24 Анализа на телевизија 24 истакна дека со енергетската криза, која не е проблем само кај нас туку и во Европа и во светот, немаше непредвидени сценарија, бидејќи со брзи реакции се што е на располагање е ставено во капацитет.
Не се остварија сценаријата на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на цената на струјата за 40%, а овој процес треба да не научи дека мора да вложуваме во суштинските работи и целиот наш капацитет како држава наредниот период да го насочиме кон суштинските прашања, истакна Костадинов.
Тој нагласи дека во минатото имало многу малку вложувања во енергетиката, но сега е залудно да се обвинуваме кој е крив.
Мора да се научат лекциите, што не се вложувало во минатото во енергетиката, рече Костадинов, нагласувајќи дека освен оваа криза, ја имаме и економската и здравствената, но владата успеа тоа да го менаџира.
Тој додаде дека за опозицијата енергетската криза е тема која ја злоупотребува, заборавајќи што како систем и како земја не довело до ова ниво.
На зборови можеме да бидеме сите многу ефикасни, ајде да видиме како со постапки можеме да креираме политики и да донесеме конкретни резултати, а тоа е кога државните интереси ќе се стават над партиските, порача потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов во емисијата 24 Анализа на телевизија 24.