fbpx

Честитка на Ковачевски: 2022 ќе биде година на заеднички успеси

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани граѓани,

Зад нас ја оставаме 2021 година. Година на општествено закрепнување од коронавирусот, на масовна вакцинација, но и година на економско опоравување.

Деновиве, кога луѓето, домовите, се исполнети со надеж и верба, мотивирани влегуваме во новите почетоци, да продолжиме посветено во реализација на целите пред нас.

2022 година ќе биде година на нови предизвици, особено во делот на енергетиката и пандемијата со коронавирусот, но ќе биде и година на нови заеднички успеси на општествен, социјален и пред се економски план.

Со фокус на економијата, ефикасност на институциите, одговорност и чесност да го подобриме животниот стандард на граѓаните.

Минималната плата мора да продолжи да расте, а со неа ќе растат и просечната плата, пензиите, додека невработеноста и натаму ќе опаѓа.

Тоа ќе го постигнеме со одговорна и посветена работа, заедно со мојот тим и заедно со вас граѓаните.
Нашата заедничка иднина е иднина во ЕУ и нема да се откажеме од тој стремеж, ќе работиме за исполнување и на оваа стратеша цел.

Почитувани,

Нека 2022 година биде година на сплотеност и заедништво. Зад нас да ги оставиме поделбите и деструкциите.
Здружени во сегашноста, за да не останеме поделени во иднината. Заедно да го чуваме и градиме нашиот заеднички дом – Република Северна Македонија.

Нека е среќна новата 2022 година, ви посакувам добро здравје, мир и спокој во празниците што претстојат.

Последни вести