fbpx

Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Зечевиќ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател на државата Киро Глигоров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод десетгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ во состав Миле Зечевиќ, генерален секретар, Ана Данева Маркова членка на ИО на СДСМ и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

СДСМ и сите граѓани со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувањата на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата.

Заложбите на претседателот Глигоров за напредок на државата, неговите државнички политики, изградија значајни пријателства, отворија соработка и создадоа заедништво внатре и во светот, со што јасно ја постави насоката и го зацрта патот на интеграцијата и развојот, којшто денес со гордост го продолжуваме.

Претседателот Глигоров беше и останува почитуван политичар и државник во регионот и светот, чие искуство и мудрост и денес се вреднуваат и ценат.

Тој е претседател кој ја зачува својата татковина безбедна и успеа да ја постави на патот кон Европа.

СДСМ како одговорна и државничка партија која се води од интересите на граѓаните и државата, останува цврсто определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.

Последни вести