fbpx

Царовска на Алсат: Со пратеничките листи креираме граѓански политики, ВМРО-ДПМНЕ пласира лажен концепт

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска во вечерашното гостување на ТВ Алсат зборуваше за изборните листи на партијата и зошто тие се победничките листи на престојните избори.
 
„На нашите листи, ние имаме претставување на нашето граѓанско општество. Тука може да забележите претставници на сите етнички заедници, вклучително и на албанската етничка заедница.  При тоа не зборувам за коалицијата со движењето Беса,  која што има позиции на листите, зборувам за Албанци, Бошњаци, Роми, Турци, кои се членови на СДСМ, истакнати членови коишто може да ја вратат довербата кај граѓаните дека оваа држава може да оди непред, и да се развива и движи по патеката која што ја воспоставивме како владеачка политичка партија. Сметам дека на овој начин треба да ја гледаме иднината на државата, во граѓански концепти, коишто се грижат, листите навистина да го претставуваат општеството.“- објасни Царовска.

Според неа добро е да се имаат Албанците во коалиција за да може да се креираат добри политики во полза на граѓаните.
 
„За да покажеме дека се грижиме за сите граѓани, треба да ги имаме претставено и нашите листи. Никој не може да ги покаже или да ги каже кои се потребите на одредена група, сите ние сме во различни групи поставени во државата, и токму затоа сметам дека тој концепт кој што ВМРО-ДПМНЕ го пласира сега е лажен, заради тоа што навистина покажаа дека не можат Албанец да позиционираат на својата листа, а тоа укажува  дека тие не можат да прават добри политики за Албанците.  Заради тоа треба да ги имате и Албанците присутни до себе и да креирате добри политики за сите етнички групи“- аргументираше Царовска на Алсат.  
Последни вести