fbpx

Николовски на „Топ тема“: За 2 и пол години отворивме 67.000 нови работни места, најавуваме нови 100.000 за следните 4 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

„За две и пол години успеавме да отвориме 67 000 точно нови работни места, без да се брише од евиденција како што тоа го правеше ВМРО – ДПМНЕ, туку со точно отворање на нови работни места и создавање на услови.  За следниот мандат ќе отвориме нови 100.000 работни места. 
 
Веруваме дека тоа е минимум и ние таа бројка ќе ја надминеме. Невработеноста ако ја намаливме сега  на 16,6 проценти, двојно ќе ја намалиме во наредниот период на 8 %. Значи ќе има раст на сите плати и пензии“, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, во неговото вечерашното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма.
Последни вести