fbpx

Костадиновска Стојчевска за ТВ 24: Опозицијата и по нивното фијаско со ново мнозинство, продолжува да блокира закони во Собранието

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија 24 изрази надеж дека опозицијата ќе смогне сили и ќе се откаже од намерата да ги блокира законите кои оваа Влада ги предлага, се со цел да може да се делува и работи онака како што треба да функционира државата.

Она што морам да го напоменам е дека бројката е навистина голема, но она што е уште поважно е дека се блокирани голем број закони, кои навистина се за доброто на граѓаните, истакна Костадиновска Стојчевска.

Таа наведе дека е блокиран законот за наставници, односно за трансформација на работниот однос на околу 4.000 наставници, кои треба да преминат на неопределено време, односно да се реализира заложбата на СДСМ политиката да излезе надвор од образованието.

Блокирани се закони кои што се предложени од нашите коалициони партнери, блокиран е законот за лична карта, блокирани се закони кои што се во усогласувања со законите на ЕУ кои што не предвидуваат ништо друго освен со усогласување со европските закони, рече Костадиновска Стојчевска.

Таа нагласи дека законите се блокирани на најразличен начин, од поднесување на многу голем број на амандмани, до злоупотреба на процедуралните забелешки кои што траат до недоглед, а од друга за оваа година и речиси шест месеци се организирани толку јавни расправи, колку што не се организирани за 11 години на ВМРО-ДПМНЕ.

Мислевме дека по фијаското на опозицијата за ново мнозинство ќе сфатат дека пратениците, институциите и граѓаните имаат иста цел земјата да биде членка на ЕУ, да оди напред ќе престанат да блокираат, но тие повторно ги блокираа измените на законот за надворешни работи, потребни поради нашето претседавање со ОБСЕ, рече потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Во врска со барањата на опозицијата за изземање и оставки на раководни кадри во СДСМ, Костадиновска Стојчевска појасни дека политички функции се претседател, заменикот претседател и потпретседателите.

Извршниот одбор е токму тоа, извршно тело. Нивната вчерашна прес-конференција ако не се лажам, јас само ќе ја протолкувам како еден страв од новите кадри кои мандатарот Ковачевски ги претстави како дел од новото раководство, бидејќи тие и тоа како можат да придонесат со нивната стручност, порача потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во интервју за телевизија 24.

Последни вести