fbpx

Николовски за Топ Тема: Следува прочистување на судството од Груевски и од судиите од тефтерчињата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Одговорност ќе има, правдата ќе ги стигне сите. Имаме Закон за јавно обвинителство, создадени се условите за реформи во судството. Ќе го прочистиме судството од Груевски и од судиите од тефтерчињата, рече генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски во вечерашната дебата Топ Тема на Телма телевизија.
 
Се боревте против Законот за јавното обвинителство, се што правите е да ја спречите правдата и да го вратите криминалот. Неколку министри и  заменици министри за земјоделие од ВМРО-ДПМНЕ беа во притвор, јас одговорно, неселективно ја сработив мојата работа. Кога јас поднесував кривични пријави тоа го правев јавно, и со докази. Одговорност ќе има, правда ќе ги стигне сите што го прекршиле законот. Се што прави ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев е да ја спречат правдата, одговорноста на Груевски, кој ги напиша нивите листи. Груевски ги напиша листите на ВМРО-ДПМНЕ и одреди Јанушев да биде на нив “, рече Николовски.
Последни вести