fbpx

Костадинов за ТВ24: Новата влада е со полн легитимитет и ќе испорача резултати во време на енергетска и здравствена криза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов при гостувањето во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 нагласи дека е најважно што ќе добиеме стабилна влада со континуитет на политиките, која е на пола пат од мандатот кој го доби на изборите во 2020, со нов мандатар и нови кадровски освежувања.

Овој старо-нов микс треба да направи стабилност кај граѓаните, доста е од паника, доста од тие фатални состојби, кои се нудат на граѓаните да живеат во неизвесност, во овие кризни времиња мора да бидеме на висина на задачите, истакна Костадинов.

Тој додаде дека најбитно ќе биде да се испорачаат резултати во време на здравствена криза, економска и енергетска криза, а владата да се стави целосно во функција на граѓаните, особено во делот на финансиска поддршка на граѓаните и на компаниите.

Тоа треба да биде базичниот предуслов во сите тие процеси и навистина очекувам дека треба да се вклучи и опозицијата бидејќи сме во период кога државните интереси треба да се стават над партиските и личните интереси, време е за реално водење политика, а не политиканство, нагласи Костадинов.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се навикнати да делуваат деструктивно, за се да го обвинуваат СДСМ и Заев, сега и Ковачевски, што е некоректно и не покажуваат дека се на ниво на состојбата на која се наоѓа државата во моментот, но и светот, бидејќи причинител на здравствената криза во државата и на енергетската криза не е СДСМ, тие се глобални текови.

Секако дека овој состав на Владата ќе добие поддршка во Собранието, сите знаеме дека парламентарното мнозинство растеше, иако имаше обиди од страна на ВМРО-ДПМНЕ кои не успеаја, а реториката дека Владата нема легитимитет или кредибилитет е апсолутно неумесна, рече Костадинов.

Тој упати порака на максимално обединување во овој период, кој е битен за државата и од аспект на европските процеси, како и и за енергетската, здравствената, економската криза.

Верувам дека владава која има полн легитимитет и ќе започне со работа наскоро ќе ги насочи сите свои капацитети кон граѓанинот, кон маргинализираните групи, кон намалување на јазот меѓу богатите и сиромашните, кон директна финансиска поддршка на граѓаните кои се најмногу погодени од овие кризи, нагласи потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов за „24 Анализа“ на телевизија 24.

Последни вести