fbpx

Прочистување на судството, отчетност и транспарентност на институциите, ред, дисциплина и правда за сите во новиот мандат на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

Eден од темелите на Програмата за живот со која Социјалдмократскиот сојуз на Македонија настапи на изборите во 2016 година беше „Правда за сите“!

Денес, СДСМ и како политичка партија и како идеолошки концепт, не отстапува од целта која ја зацрта заедно со граѓаните – градење на држава која гарантира независен правосуден систем, утврдување и преземање одговорност за сите кривични дела низ законита судска постапка поткрепена со докази.

Ред, правда и дисциплина се основите на која почива секоја правна и способна држава и така мора да биде и со Република Северна Македонија.

Затоа, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија веднаш после формирањето на новата Влада, ќе повлече конкретни чекори во рамки на надлежностите на извршната и законодавната власт, за уште еднаш се потврди дека патот на судиите и јавните обвинители кон правдата и кон независното постапување е отворен и дека тие ќе мора да постапуваат.

Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат правда и конечно да почне да се применува законот за сите подеднакво. Законот за Јавно обвинителство гарантира дека политиката не може да интервенира во судските одлуки и дека сите предмети од висок криминал и корупција ќе имаат завршница.

Граѓаните и државата не сакаат да имаат и нема да имаат узурпирано и партиски контролирано правосудство на патот кон Европа. Затоа, следува процес на целосно и темелно прочистување на правосудството.

Судиите кои намерно ќе застарат предмети по автоматизам ќе бидат разрешувани, предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во правосудството не постапувал со цел да застари предметот, тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе имаат задача тоа само да го верификуваат.

Ќе се врши детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители, како и ревизија на 5 отсто од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Поради неопходноста на ред и дициплина во сите институции, отчетност и транспарентност на службите,се воведува законска обврска за јавна објава на трошоците на сите функционери во централната, локалната, но и судската власт.

Алатката за отчетност за трошоци на функционерите законски задолжителна и за градоначалниците, и за пратениците, и за судската власт, затоа што тие што во име на граѓаните водат институции, мора да се отчетни, транспарентни и чесни.

Патните трошоци за пратениците во Собранието на Република Северна Македонија се укинуваат.

Во заедничката борба против криминалот и корупцијата ќе има награди за сите оние чија пријава ќе биде основана за отворање предмет,дополнително, ќе електронски ќе се следат предметите кои произлегуваат од претставки за корупција.

Довербата во судството која со години беше поткопувана, мора да се врати и нема отстапување. СДСМ верува дека граѓаните прават јасна разлика меѓу оние се за правда и правичност и оние кои се за амнестија на криминалците и обнова на криминалниот режим.

И Европската Унија ја направи таа разлика. Во нивниот извештај се вели дека “направивме значителен напредок при обезбедувањето на незавиноста на судството”.

Единствено Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не се согласуваат со овие заклучоци. Затоа, таа разлика убедливо ќе се потврди и на 12 април.

На 12 април граѓаните ќе потврдат дека се за ред, дисциплина и правда и јасно ќе порачаат: режим никогаш повеќе, монтирани случи никогаш повеќе.Сваровски судство – никогаш повеќе!

 

 

Последни вести