Соопштение за јавност
Мерки за ублажување на последиците од глобалното покачување на електричната енергија започнаа уште минатата година преку намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а во периодот што следи ќе следуваат нов пакет мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, порача вечерва претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски во интервју на Телевизија Телма.
„Владата, надлежните институции преземаат конкретни чекори за надминување на последиците од енергетската криза, активирани се сите домашни капацитети за производство на електрична енергија. Вчера на владина седница беа обезбедени дополнителни 670 милиони денари за АД ЕСМ за производство на електрична енергија и вложување во проекти во обновиливи извори на енергија со што ќе го подобри билансот на произведена електрична енергија“ порача претседателот Ковачевски.
Претседателот Ковачевски додаде дека државата има обврска од Буџетот кој се полни од граѓаните и компаниите, да ги заштити оние најранливи категории граѓани особено во време на вакви кризни периоди, дека тоа државата го прави и ќе продолжи да го прави преку нов сет на мерки кои имаат за цел да го заштитат животниот стандард на граѓаните, меѓу нив веќе се одлуките за субвенционирање на сметките за електрична енергија, како и субвенционирање на разликата во цената на парното греење во Град Скопје.
„Ние како Влада нема да дозволиме граѓаните на Град Скопје да останат без парно иако парното греење е комунилна услуга за која што надлежност има и градот Скопје меѓутоа очегледно дека и по вчерашните прес-конференции и денешните кои што ги слушнавме градот Скопје не планира да учествува во помош во однос на одржувањето на парното греење во градот Скопје,“ заклучи Ковачевски.