Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, изрази сочувство до семејството, пријателите и роднините на почитуваниот Горјан Медо Тозија кој почина денеска.
„Со длабоко жалење дозволете да изразам сочувство за загубата на нашиот другар, сопартиец, докажан филмски работник, продуцент и борец за подобро, Горјан Медо Тозија.
Денеска вашето семејство, сите ние, но и нашата државата загубија голем човек, кој целиот живот го посвети на седмата уметност, а со својот професионален ангажман беше своевиден амбасадор на македонската современа филмска култура. Човек кој остави белег за сегашните и идните генерации, неуморен борец за подобро. Медо даде придонес во институционалниот развој на културата и секогаш чекореше со својот народ, со сопартијците во демократската борба за враќање на слободата и демократијата во земјата.
Горјан Тозија беше габарит во македонскиот културен простор. Со неговото заминување, губиме гласноговорник на филмскиот и културниот еснаф, на фигура со став и артикулација, на појава со различно социјално прифаќање, но никогаш со рамнодушност.
Изразувам длабока благодарност за неговите општествени и културни ангажмани коишто ги извршување со голема енергија и ентузијазам.
Шарената ревлоуција со неговата мисла и појава беше замаец за сите процеси кои следуваа потоа. Само луѓе како Медо, остануваат запаметени како големи кога своето делување го даваат во сите општествени сегменти, кога се крши иднината на државата
Се надевам дека токму во делата, неговото наследство и вредностите што Горјан ги остави зад себе, ќе се обидете да најдете утеха за неговата ненадејна загуба. Слава му, нека почива во мир и нека му е светол патот.“ стои во телеграмата со сочувство на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.