fbpx

Георгиевска за Алсат: Новата влада има целосен легитимитет сега не е време за избори туку за решавање предизвици

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новиот состав на владата е сосема легитимен за донесување одлуки и за движењето на државата во наредниот период од најмалку 2,5 години, колку што очекуваме да биде до крајот на мандатот, истакна пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат.

Таа истакна дека новата има целосен легитимитет и изрази очекување дека ќе биде изгласана во текот на викендот на закажаната седница на Собранието на Република Северна Македонија.

Парламентарното мнозинство во Собранието е стабилно, заедно со колегите од Алтернатива го сочинуваат доминантниот број на пратеници, кои можат полноправно да работат во наредниот период, нагласи Георгиевска.

Таа додаде дека во изминатиот период поради потенкото мнозинство и заради деструктивни однесувања на пратеници од опозициските партии, беше малку тешко да се менаџира работата на парламентот.

Меѓутоа сега како парламентарно мнозинство даваме можност на новата влада да ги спроведува економските политики, кои ќе бидат во интерес на нашите граѓани, нагласи пратеничката Георгиевска.

Во врска со барањата на опозицијата за предвремени избори, Георгиевска потсети дека ова парламентарно мнозинство и без Алтернатива, како нов коалиционен партнер доби легитимитет на изборите кои што се одржаа на 15 јули 2020 година, на кои победи, нагласувајќи дека на граѓаните им е преку глава од избори.

Со избори се дефокусираме од решавањето на проблемите, а проблемите се сериозни и очекувам новата влада час поскоро, со своето ефикасно и ефективно работење, вака како што е предложена во наредните месеци да даде силен одговор на сето она што се случува како последица на економската криза, на кризата со здравството, особено за енергетската криза, истакна пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска во емисијата „Патот кон“ на телевизија Алсат.

Последни вести