fbpx

Најголемиот раст на рејтингот во Европа во извештајот на Фридом хаус – доказ за успешните политики на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Најновиот извештај „Слободата во светот 2020“ на меѓународната организација Фридом Хаус, покажува нов напредок на нашата земја, пред се во политичките права и граѓанските слободи.

Тоа е доказ за успешноста на политиките на СДСМ, за слободата и демократијата која сега ја живееме.

Фридом Хаус посебно го издвојува успешното поправање на „антидемократското наследство на поранешниот премиер Никола Груевски“.

Северна Македонија има рејтинг од 63 поени, од максимално можни 100, што е подобрување за 4 поени во споредба со ланскиот извештај.

Ова зголемување е најголемо во Европа и четврто најдобро во светот.

Извештајот посебно истакнува дека Северна Македонија одржа компетитивни претседателски избори, помагајќи да се поправи антидемократското наследство на поранешниот премиер Никола Груевски.

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ ја доведе земјата во изолација, а СДСМ за само 2,5 години ги отвори перспективите за интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

Тука се гледа разликата, ВМРО-ДПМНЕ е за изолација и враќање назад, СДСМ за интеграција и напредок.

Извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски сака да не врати назад, кога земјава во извештајот на Фридом хаус беше во друштво со Еритреја, Јужен Судан, Туркменистан, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Сомалија, Либија и Таџикистан.

Затоа на 12 април следува голема победа на СДСМ, за напредокот да продолжи!

 

Последни вести