fbpx

Арсовска ги заборави скопјани, но Владата предводена од СДСМ најде решение за топли радијатори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Данела Арсовска целосно ги игнорираше маките на скопјани околу кризата со топловодна енергија и наместо да помогне преку Град Скопје таа бараше оправдувања.

Арсовска уште еднаш покажа дека за неа не се битни интересите на граѓаните туку важни и се само личните и партиски интереси.

За разлика од негрижата на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ најде решение кое обезбедува топли радијатори за скопјани.

Со прогласувањето кризна состојба се преземаат мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на стандардот на граѓаните.

Според постигнатите договори ТЕ-ТО наместо до 21.00 ќе работи до 01.00 после полноќ и со тоа ќе се произведе потребната топлинска енергија. До крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ке има доволно топлинска енергија за БЕГ“

АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ преку посебна сметка и за истото ке доставува извештаи до Владата. АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија.

Со одговорен транспарентен пристап Владата предводена од СДСМ не дозволи над 50.000 домаќинствата во Скопје да останат без греење.

Последни вести