Соопштение за јавност
Оваа Влада и програмата за работа заслужуваат доверба од пратениците затоа што со неа продолжуваат успешните процеси, порача пратеничката Снежана Калеска Ванчева во своето обраќање на собраниската седница.
Во однос на легитимитетот Калеска Ванчева посочи дека новата Влада има целосен легитимитет потврден на парламентарните избори од 2020 година, легитимитет кој дополнително е зголемен преку проширување на парламентарното мнозинство.
Калеска Ванчева истакна дека политиките во програмата на Владата обезбедуваат економски раст, социјална правда, владеење на правото и надминување на последиците од енергетската и здравствената криза.
Предлог Владата заслужува доверба заради континуитетот на политиките кои се покажаа како успешни дури и во тешка ковид криза и економска криза. Довербата ја заслужува и заради персоналниот состав од стручни и компетентни луѓе, докажани во професионалниот и општествениот живот. Основните постулати како, економски развој, социјална правда, еднакви можности за сите, владеење на правото и доброто управување, со оваа програма само се зацврстуваат и низ конкретните реални политики ќе се операционализираат преку отворен дијалог и соработка. Политиките на отвореност, стручност и одговорност ќе бидат основна водилка во работата на оваа влада, а со тоа и на владините институции. Истовремено добро е што во програмата акцентот е ставен на на климатските промени и дигитализацијата кои се клучни за успешно реализирање и на економските и на социјалните и на образовните и на здравствените политики, порача Калеска Ванчева во своето обраќање.