fbpx

Николовска: Новата влада треба да продолжи со реализација на успешните политики, платите треба да продолжат да растат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најважна обврска на новата Влада предводена од СДСМ е да ја зголеми ефикасноста во реализација на политиките за кои граѓаните ја дадоа поддршката на ова парламентарно мнозинство, порача пратеничката од СДСМ Фаница Николовска во денешното обраќање во Собранието.

„Предлог програмата за работа на Владата во наредните две години се темели на неколку клучни столба, а тоа се: Забрзан и одржлив економски раст со подобар животен стандард; Социјална инклузивност и развој на човечки капитал; Владеење на правото и добро управување; Унапредување на демократијата и слободата; Интеграции, НАТО и Европска Унија.

Најважна обврска на новата Влада е да ја зголеми ефикасноста и успешноста во реализација на стратешките правци и политиките за кои граѓаните дадоа доверба на парламентарното мнозинство. Претходната Влада воспостави солидна основа за економските политики за континуирани стапки за економски раст. Новата Влада треба да да го зголеми обемот и имплементацијата на домашните и странски инвестиции, како и зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции.

Останува предизвикот за соочувањето со ефектите од пандемијата Ковид-19 врз економијата и социјално загрозените категории, како и потребата за заштита на здравјето и животите на граѓаните“ порача Николовска.

Пратеничката Николовска истакна дека важно тоа што Владата се обврзува во следните две години платите да продолжат да растат.

„Во Предлог Програмата Владата се обврзува дека останува посветена на унапредувањето на човечкиот капитал и инвестирањето во истиот. Со Стратегијата за човечки капитал на Република Северна Македонија која претставува стратешки документ од исклучителна важност за државата, се овозможуваат подобри услови за живот на граѓаните, придонесува кон заложбите за побрз, поинклузивен и поодржлив економски раст и намалување на степенот на сиромаштија преку инвестиции во образованието, здравството и социјална заштита – како клучни сектори кои ќе и помогнат на Република Северна Македонија да го зајакне и подобри човечкиот капитал.“ заклучи Николовска.

Последни вести