fbpx

Новата Влада предводена од СДСМ е посветена на решавање на предизвиците, ВМРО-ДПМНЕ е посветена на деструкции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ

Ништо ново од ВМРО-ДПМНЕ. Новата Влада предводена од СДСМ само што ја презеде функцијата, а од Белата палата почнаа со канонада обвинувања на нејзина сметка.

Енергетската криза е глобален проблем, а економската криза е последица на пандемијата на коронавирусот, со која се соочува цел свет. Нив не ги предизвика СДСМ, но за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, новата Влада веднаш се зафаќа со решавање на предизвиците, кои стојат пред неа.

Владата го амортизира ценовниот шок од покачувањето на цената на електричната енергија на светските берзи со вбризгување средства кај енергетските компании и со дополнителна финансиска помош за најранливите категогии граѓани за плаќање на сметките за струја.

Исто така обезбеди топлинска енергија за скопјани, додека градоначалничката од ВМРО-ДПМНЕ се прогласи за ненадлежна и соопшти дека нема пари во градската каса за помош на скопјани среде глобална енергетска криза.

Фокусот на новата Влада е економски раст, инвестиции, зголемување на животниот стандард на граѓаните, со раст на платите и пензиите, а ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на деструкции, блокади и работа против интересите на граѓаните.

Последни вести