fbpx

Ковачевски: Од прв ден кога станав претседател на СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ изнесуваат невистини, тоа говори за нив

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија порача дека од првиот ден уште кога станал кандидат за претседател на СДСМ, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле објавувани лаги и невистини во однос на неговата кариера, што зборува за нивното ниво и капацитет на комуникација.

„Од првиот ден кога станав кандидат за претседател на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ почна да изнесува лаги и невистини во однос на мене. Јас никогаш не ги коментирав затоа што мојата биографија е достапна на интернет, достапна е на Универзитетот каде што работам, достапна е во компаниите каде што работам повеќе од 10 години, јас сум магистрирал на Универзитетот во Скопје тоа се гледа во биографијата и потоа докторирав на Универзитетот во Црна Гора“ посочи претседателот Ковачевски.

Ковачевки додаде дека во високата политика се вклучил затоа што сака предизвици и е подготвен да понесе одговорност за важните процеси кои носат придобивки за граѓаните и за државата и додаде дека е човек кој самостојно одлучува врз основа на принципи.

„Човек докажува дали самостојно одлучува врз основа на одлуките што ги носи и принципите. Јас предложив нов Изборен одбор, нови потпретседатели и секретари во партијата, односно различни од оние што беа претходно. Исто беше и при изборот на Владата, каде се водев по принципот да се изберат лица со квалитети и знаења за извршување на функциите“ рече Ковачевски.

„Тука би изнел паралела со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи тие пред секои избори и секоја одлука мора да одат во Будимпешта на некаков состанок. Факт е дека пред секое ноесење на одлука на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се оди во Будимпешта со некаков формален изговор, за да се добие согласност за тоа што се одлучува“ рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.

Последни вести