fbpx

Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков, му ги поставил ли прашањата што им ги нарачуваше на новинарите?v

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски со денови молчи и не кажува што зборувал на средбата на бугарскиот премиер Кирил Петков.

Мицкоски молчи и не одговара дали прашањата што ги нарачуваше од новинарите, му ги поставил директно на Петков?

Дали Мицкоски крие што зборувал, затоа што не ги поставил тие прашања до Петков, затоа што е силен само пред камери, едно зборува пред јавноста а друго на затворени средби?

Граѓаните видоа и претходно на средба на Мицкоски со Бојко Борисов дека тој ги менува ставовите кога се среќава со официјални претставници.

Дали така било и на средбата со Петков, треба да каже самиот Мицкоски.