fbpx

Пецаков треба да одговара, наместо да се заканува со тужби, Мицкоски да каже дали го поддржува неговото неодговорно постапување

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Без ниту малку срам, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков наместо да се извини, се заканува со тужби.

Факт е дека Пецаков додека чекал резултати од тест за Ковид 19, наместо во изолација, беше помеѓу граѓаните на Водици.

Факт е дека Пецаков, според надлежните институции има решение за изолација.

Факт е и дека Пецаков на Водици, беше заедно со Христијан Мицкоски на литургија во црква.

Наместо да покажат минимум одговорност и совест и да им се извинат на охриѓани, Пецаков се заканува со тужби за наводно монтиран случај, а Мицкоски го нема да објасни дали застанува во заштита на неговиот охридски градоначалник.

Пецаков треба да одговара како и секој поединец кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје.

Последни вести