fbpx

ВМРО-ДПМНЕ е нервозна, нивните градоначалници се големо разочарување, време е да престанат со лаги на прес конференции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Законите важат за сите подеднакво, без разлика за кое име и презиме станува збор, а тоа е потврдено и со случајот којшто го споменува ВМРО-ДПМНЕ.

Фактите се дека има судска пресуда за овој случај, потврдена и од Апелацискиот суд. Споменатите лица се осудени на затворска казна, согласно законите и одлуката на судовите и ја имаат издржано казната.

Ја разбираме нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Нивните градоначлници се најголемо разочарување.

Не само што не работат ништо, не само што немаат ниту еден проект, туку покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ не ја заслужува довербата од граѓаните.

Тоа не значи дека со секојдневно ширење невистини и конструкции нешто ќе променат.

Затоа време е ВМРО-ДПМНЕ да престане со изнесување лаги на прес конференции.

Последни вести