fbpx

Од ВМРО-ДПМНЕ прават конструкции за да ја прикријат неспособноста на нивните градоначалници

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Обидувајќи се по секоја цена да ја затскрие неспособноста на своите градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидува да конструира непостоечки случаи против функционери на СДСМ.

Таква е и денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој се обидува да измисли скандал онаму каде што го нема.

Снежана Калеска Ванчева е основач на посоченото адвокатско друштво, но од првиот ден на мандатот таа ја напушта адвокатската пракса и нема никаква допирна точка ниту со управувањето, ниту со секојдневното функционирање на друштвото, кое патем постои од 2005 година а адвокатската канцеларија од 1992 година.

Ниту една лага, ниту еден конструиран случај од белиот дворец нема да го сокрие фактот што полека изминуваат првите сто дена од мандатите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ а тие освен партизација, поништување проекти, набавка на чоколади, ништо друго не сработеа.

Последни вести