fbpx

Велковски: Економските политики на СДСМ одат во вистинска насока, ќе продолжиме со инвестиции во човечкиот капитал и во стопанството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Вистинската насока на економските политики на СДСМ е потврдена и од ММФ кој во својот последен извештај наведе дека по долготрајна политичка криза економијата почна да расте и во 2020 треба има раст 3,4 %, истакна пратеникот на СДСМ Диме Велковски во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма.

 Минималната плата во 2016/17 година изнесуваше 9.000 денари, ние не можевме да го прифатиме тоа, тоа не е никаква добробит за граѓаните и затоа се одлучивме да ја покачиме на 14.500 денари, истакна Велковски, а особено сме горди што просечната плата за 2 години се зголеми на скоро 27.000 денари.

 Во изминатите 2,5 години се вработија 60.000 нови вработени, од кои 45.000 претежно во индустријата, а многу помалку во институциите, истакна Велковски, додавајќи дека тоа е голем успех бидејќи наследивме економија со БДП во минус од 1,8 % во 2017 година, а сега е 3,6%.

 Овој процес бара континуитет на економските политики, рече Велковски и истакна дека СДСМ ќе го продожи, бидејќи на државата и се потребни инвестиции во инфраструктурата, ќе продолжиме со поддршка на стопанството, со субвенционирање на платите, бенефиции за земјодлците, со зголемување на платите.

 Тој најави големи капитални инвестиции во наредниот период, во изградба на локални патишта, железничка и патна инфраструктура, реновирање на студентските домови, водоводи, како и пречистителна станица во Скопје вредна 136 милиони евра, и истакна дека до мај ќе биде завршена првата фаза од гасификацијата, која и е суштински потребна на екомонијата и на домаќинствата во земјата.

 ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во локалната самоуправа со долгови од 200 милиони евра, а не гласаше за отпис на каматитие на долговите, остави дупка во пензискиот фонд, кој сега е стабилизиран и пензионерите земаат пензија поголема за над 700 денари, нагласи Велковски.

 Наместо да дава 2,5 милиони евра за 4 лава на мост Гоце Делчев, како што правеше ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе продолжи да инвестира во човечки капитал, во стопанството да се зголеми продуктивноста, не со задолжување, туку со раздолжување и тоа транспарентно, бидејќи со алатките за транспарентност во МФ и МИО сега се се знае, порача Велковски.

 Од ВМРО-ДПМНЕ се сликаа со Субрата Рој, ние а 2 години ги зголемивме странските инвестиции за 200 милиони евра и ги изедначивме странските и домашните компании СДСМ ја стабилизираше економијата, откако јавниот долг во времето на ВМРО-ДПМНЕ драматично се зголеми, истакна Диме Велковски, пратеник на СДСМ во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Последни вести