Соопштение за јавност
Со усогласувањето што оди од јануари, сите пензионери добиваат зголемени пензии за 2,98%, што укажува на стабилноста на Фондот за пензиско осигурување, истакна потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
Тој додаде дека се прават последните калкулации и наскоро може да се очекува раст на пензиите.
Не сакам да играм со методологијата, но покачувањето на пензиите ќе биде едно од поголемите што се случило изминатите години, нагласи Битиќи.
Тој истакна дека до крајот на до крајот на мандатот на оваа Влада ќе биде воведена минимална пензија, за да се извлече одредена категорија пензионери над прагот на добивање пензија што не е достоинствена.