Соопштение за јавност
Изминуваат првите 82 дена од мандатот, а градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска нема реализирано ниту еден свој проект.
Напротив, Арсовска на штета на граѓаните и Градот, прекинуваше готови проектни решенија како оној за Бас рапид транзит.
Наместо бесплатен јавен превоз, Арсовска воведе билет од 120 денари, а потоа бараше финансиска помош од Владата за ЈСП.
Наместо професионализација на администрацијата како што ветуваше, Арсовска ги партизираше установите и претпријатијата и ќе потроши 670.000 евра за вдомување на 109 партиски кадри во Град Скопје.
Граѓаните го гледаат неработењето на Арсовска, затоа од нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ секојдневно измислуваат конструкции во обид да ја прикријат нејзината неспособност, затоа и Христијан Мицкоски ја користи секоја прилика да бара оправдувања за неработењето на Арсовска.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ работат на штета на граѓаните и свесно го кочат развојот на Град Скопје.