fbpx

Делегација на СДСМ, по повод 16-годишнината од смртта на поранешниот претседател Трајковски положи цвеќе на неговото вечно почивалиште

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод шеснаесетгодишнината од трагичната смрт на поранешниот претседател на државата Борис Трајковски, делегација на СДСМ оддаде почит на заложбите и придонесот на Трајковски за соработка и заедништво на граѓаните и проевропската иднина на државата.

Прерано починатиот претседател Борис Трајковски ќе остане вечно запаметен како миротворец, чесен и доблесен политичар, посветен на сите граѓани и на поголема регионална и меѓународна соработка на нашата држава.

Делегацијата на СДСМ во состав Снежана Калеска Ванчева, координаторка на форумот на жени на СДСМ, Весна Гершан, членка на ИО и Дејан Павлески, претседател на комисијата за локална самоуправа на СДСМ, денеска положи свежо свеќе на вечното почивалиште на Борис Трајковски, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.  

 

 

Последни вести