fbpx

Обезбедени 28 милиони евра за Оперативниот план за вработување за 2022 година, невработеноста дополнително ќе опаѓа

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување како еден од најуспешните владини проекти, носи видливи резултати.

За реализација на оваа мерка за 2022 година во Буџетот се обезбеднеи 1,73 милијарди денари, односно 28 милиони евра.

Претходно, во 2021 Оперативниот план беше со висока реализација од над 94 отсто и со него се опфатија 11.292 невработени лица.

4.000 лица минатата година се вработиле само со мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места, додека 3.787 млади лица до 23 години вработени во производство и земјоделство добија младински додаток на платите.

Веќе четврта година по ред се спроведува и проектот „Гаранција за млади“ кој опфаќа невработени млади лица на возраст до 29 години. Лани со оваа мерка се опфатија 19.298 млади невработени лица од кои 75% биле жени.

Дополнително, Меѓународниот монетарен фонд потврди дека околу 60.000 работни места се спасени со мерките за помош во време на криза.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализирање на мерки и политики кои обезбедуваат нови работни места, намалување на стапката на невработеност и повисок стандард за граѓаните.

Последни вести