Соопштение за јавност
Градоначалничката на Град Скопје не реализираше ниту еден свој проект во првите 82 дена од мандатот.
Учинокот на Арсовска се состои од нивелација на една шахта и поставување мобилни тоалети.
Ама затоа Арсовска овие неполни три месеци ги искористи максимално да ја партизира градската администрација и да вработи 109 партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ и на директорски позиции во Јавни установи и претпријатија да постави партиски функционери од ВМР0-ДПМНЕ.
Арсовска не само што не воведе бесплатен јавен превоз како што лажно ветуше во нејзината предизборна кампања, туку воведе нов билет од 120 денари во ЈСП, а го прекина и проектот Бас рапид транзит за кој беа обезбедени пари од Европската банка за обнова и развој.
Арсовска бессрамно се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија.
Единственото нешто што го сведочеа граѓаните овие неполни три месеци од мандатот на Арсовска е партизација на Градот, прекинување на проекти и изземање од одговорност за своите надлежности,
На сите им стана јасно по првите 82 дена од мандатот дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје.