Соопштение за јавност
Како прва жена на Форумот на Жени на СДСМ, ми е особено задоволство што конечно се исполнува она кон кое се стремеле и моите претходнички, застапеност на 50 отсто жени во политиката – истакна Снежана Калеска Ванчева пратеник на СДСМ и претседателка на Форум на жени на СДСМ.
Таа додаде дека иако не се успеа да се спроведе како законска регулатива, СДСМ како партија учеството од 50 отсто на жените, ќе го спроведе на престојните парламентарни избори.
СДСМ и претходно имаше слух и остави простор за учество на жените во политиката, пример за тоа се последните локални избори и добивањето на градоначалнички места во општините.
Во однос на состојбата на жената во политиката во светот и кај нас, Калеска истакна дека неможеме да кажеме дека е еднаква со мажите односно нема еднакви можности и воедно појасни дека не значи да се претендира да се владее или да се биде над мажите туку напротив еднакви со нив во поглед на можностите.
Таа истакна дека ситуацијата денес е подобрена, но не доволно и во моментотв не е спремно и општеството како нашето, па затоа се јавува потребата од воведување на квоти.
Калеска го посочи и фактот дека според официјални податоци, статистички има повеќе жени со високо образование, но во соодносот со високи позиции и плати, тоа не е така.
Во однос на говорот на омраза, Калеска го посочи како големо зло за политиката и факт дека политичарите кај нас цело време се на тапет, но дополнително на удар се жените.
Таа посочи дека мораме да имаме исти аршини кога се работи за критика, тоа е здраво , а не критизерството ниту двоен аршин затоа што е жена.
Во однос на несонованото обвинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека техничката министерка Мизрахи била разрешена зошто е еврејка или пак жена, Калеска го посочи како апсолутно невистинито, туку вистината е сосема поинаква, а тоа е непочитување на Уставот на РСМ, за што нашата држава доби и протесна нота од Р.Грција за непочитување на член од договорот од Преспа во однос на промена на називите на државните институции.
ВМРО-ДПМНЕ од една страна вика дека е за членство во НАТО, а од друга страна сака да го поништи Договорот од Преспа и не го прифаќа уставното име, но едно е јасно дека без почитување на преспанскиот договор нема НАТО и ЕУ.-истакна Калеска.
Во однос на Маршот за правда организиран од СДСМ, Калеска посочи дека тој беше со порака дека извршната и законодавната власт ја заокружи својата работа и сега судството е на ред, а ја има слободата да постапува без никакви притисоци .
Мораме да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува зашитен и комотен.-истакна Калеска.