fbpx

До 2023 година намалување на персоналниот данок во ИТ од 10 на 0 проценти, поддршката за домашната економија продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Владата предводена од СДСМ во континуитет презема конкретни мерки кои значат поттик на младите, но и идните претприемачи да се ориентираат кон ИТ секторот.

Во таа насока е и одлуката за намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто до 2023 година, што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој значаен сектор каде постојано се потребни нови работници.

Дополнително, до 2023 година се предвидуваат низа стимулативни мерки во ИКТ секторот освен намалување на персоналниот данок, ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата.

Владата предводена од СДСМ ќе продолжи да обезбедува финансиска поддршка на перспективни компании и стартапи во ИКТ секторот, бидејќи секое ново вработување во овој сектор обезбедува добро платена позиција, сигурна кариера и развој на младите, со крајна цел развој на економијата и раст на стандардот во земјата.

СДСМ уште посилно продолжува со заложбите кон подобрување на условите за работа и раст на ИТ индустријата и економскиот стандард на граѓаните.

Последни вести