Соопштение за јавност
Логична е вознемиреноста на Јово Вангеловски, познат во јавноста како Јово превара, главна инсталација на режимот на Никола Груевски во судството.
Кумот на Трајко Велјаноски, познат како Јово превара, не може да бара политичка причина за неговото разрешување, затоа што беше разрешен поради одлука за поништување притвор после која осомничено лице се пушти во бегство.
Наместо политички фразологии Јово превара треба да одговори пред граѓаните зошто чувал десетици предмети во фиока?
ВМРО-ДПМНЕ и нивните извршители денеска се закопаа. Пуштија снимки од разговори со кои потврдија зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство
Јово Вангеловски, исто како и криминалецот Антонио Милошоски го знае новиот закон за ЈО, тие, заедно со Груевски и извршителот Мицкоски знаат дека предметите на СЈО ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази.
Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен.