fbpx

Извршителот Мицкоски беше најлошиот директор на ЕЛЕМ, тој и Груевски ја поскапеа струјата и го ограбија народот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Извршителот Мицкоски, советникот на Груевски за енергетика, беше најлошиот директор на ЕЛЕМ и водеше катастрофална енергетска политика. Во негово време цената на струјата растеше, а тој со професорска плата стана сопственик на хидроцентрали.

СДСМ за 2,5 години ги реализираше ветувањата дадени кон граѓаните, како што е враќањето на ефтината тарифа на струјата, одржувањето на цената на електричната енергија на исто ниво, кое е најниско во Европа.

СДСМ го зголеми домашно производство на струја. Сега не увезуваме струја туку продаваме. Во време на криминалната ВМРО-ДПМНЕ имаше пад на домашното производство на струја од 25%, увозот достигна огромни 38%.

ЕСМ (ЕЛЕМ) сега не купува струја туку продава енергија на европските пазари и за две години продаде енергија во вредност од 40 милиони евра.

Оваа компанија сега има добивка од 80 милиони евра, за разлика од загубите во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ спроведува мерки за засилени инвестиции за гасификацијата, за обвновливи извори на енергија, како фотоволтаични електрани, кои се иднина на енергетиката, а не јагленот, како што сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најголеми инвестиции во енергетскиот сектор се извршени во време на СДСМ, а ВМРО-ДПМНЕ може да се пофали само со расфрлање на народните пари за барокни згради, споменици и други фикции на Груевски и неговиот советник за енергетика Христијан Мицкоски.

Затоа граѓаните на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе.

Последни вести