Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ постојано презема ефикасни мерки и политики кои носат пад на невработеноста и повисок економски стандард за граѓаните.
Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување е една од мерките кои со години даваат одлични резултати во намалување на стапката на невработеност.
По успешната реализација во 2021 година, за оваа година за Оперативниот план е обезбеден рекорден буџет од 1,73 милјарди денари или 28 милиони евра, што е за 230 милиони денари повеќе од лани.
Една од најактрактивните мерки од Планот, мерката за самовработување, освен вработување на младите, придонесува тие да започнат свој бизнис и да вработат дополнителен број луѓе.
Мерките и политиките на СДСМ даваат резултат. И во време на криза, стапката на невработеност опаѓа. Во третиот квартал од 2021 изнесувала 15,7%, со тенденција за дополнително намалување.
Како партија предводник на владината коалиција се стремиме кон обезбедување едноцифрена стапка на невработеност до 2026 година.
Затоа, продолжуваме да работиме одговорно, ефикасно и во интерес на граѓаните и македонската економија.