Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ не сака да ги погледне фактите кои отвораат сомнеж дека партијата на Христијан Мицковски со црни пари од Унгарија корумпира медиуми за да шират лажна пропаганда против државата.
Факт е дека постојат сериозни сомневања објавени во словенечки медиуми дека извршителот на Никола Груевски, Мицкоски, со црни пари финансира партиски мегафони со це да шират антидржавна медиумска кампања – кампања против членството на Република Северна Македонија во НАТО.
Факт е дека постои новинарско истражување според коешто сума од два и пол милиони евра завршила во телевизија Алфа и во три интернет портали Курир, Лидер и Нетпрес, сите познати по ширењето лажни вести и манипулации.
Факт е дека тоа се истите медиуми коишто режимот на Груевски со години ги финансираше со државни пари за да го одржуваат на власт.
Факт е дека СЈО има отворена истрага под име „Пропаганда“ во којашто осомничените функционери на ВМРО ДПМНЕ користеле народни пари за поткуп на одредени медиуми и за уредување вести.
Факт е дека преку штанцање лажни вести целта е да се брани криминалот на режимот и да се работи против членството во НАТО.
СДСМ уште еднаш ги повикува институциите да постапат по објавените информации за нелегални пари кои завршуваат во овие медиуми. Ние сме правна држава и законите мора да важат за сите подеднакво.
Како одговорна и демократска партија, СДСМ останува посветен на унапредување на слободата наговорот и слободата на медиумите, но,истовремено и на борбата против лажните вести, како и сомнителното финансирање на медиуми.