fbpx

Расте очајот во Белиот дворец, нов ден, нова лага на ВМРО-ДПМНЕ за министерот Николовски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Апсолутна невистина се денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ за наводна поврзаност со луѓето кои учествувале во инцидентот кој се случил на 24.01.2022 во угостителски објект во Крива Паланка.

Во врска со овој настан надлежните институции имаат реагирано навреме и преземени се сите потребни мерки.
Инцидентот бил пријавен и веднаш имало реакција од страна на МВР Крива Паланка, при што две лица биле приведени истата вечер. Дополнително од страна на ПС Крива Паланка за случајот е информиран и надлежен јавен обвинител.
Пред законот сите се еднакви, секој кој го прекршил ќе одговара.

Во ВМРО-ДПМНЕ огромен е очајот па затоа секојдневно со лаги неосновано напаѓаат членови на Владата.

Знаат и самите дека Владата предводена од СДСМ им помага на граѓаните додека нивните градоначалници не работат ништо па затоа имаат потреба секојдневно да конструираат случаи со кои ја манипулираат јавноста.

Последни вести