Соопштение за јавност
Данела Арсовска потроши три месеци од мандатот без да реализира свои проекти, но и наследени проекти кои се во поодмината фаза.
Еден од нив е улицата „Есенинова“ проект започнат од претходниот градоначалник, а сега заборавен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.
Овој проект е исклучително важен за граѓаните на општините Кисела Вода, Аеродром и Центар затоа што со оваа сообраќајна траса се поврзуваат булеварите „Борис Трајковски„ и „Трета Македонска Бригада“.
Изградбата на оваа улица ќе го намали сообраќајниот метеж во овој дел од градот, но и ќе го намали времето за патување меѓу овие две општини.
За жал, како се што е од интерес на граѓаните и оваа улица не ја интересира градоначалничката Арсовска.
Оваа изградба требаше одамна да биде завршена, како и другите реконструкции на важни улици започнати од претходниот градоначалник.
Но, Арсовска наместо да довршува наследени проекти и да реализира свои, се посветува само на нивелирање шахти и партизација на администрацијата.
Арсовска и сите други градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ знаат да работат само на штета на граѓаните и за лични и партиски интереси.