fbpx

Арсовска лаже дека ги исчистила депониите, диви депонии никнуваат во Карпош и по цело Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Данела Арсовска излажа дека Градот исчистил 150 депонии во првите 82 дена од нејзиниот мандат.

Не само што не се исчистени постоечките, туку во секоја општина во Скопје постојано никнуваат нови диви депонии кои Арсовска ги игнорира.

Карпош е само една од многуте општини каде што дивите депонии се неисчистени што може да се види и од фотографиите во прилог.

Арсовска во првите три месеци од мандатот не сработи ништо, не ги продолжува проектите од својот претходните, не реализира ниту свои проекти, градот е нечист и без план за иден развој.

Нивелација на шахти, партизација на Градот и изземање од одговорност, тоа е резултатот на Арсовска во првите три месеци од нејзиниот мандат.

Последни вести